Властите на Венеција денес го зголемија туристичкиот данок од пет на 9,50 евра по ноќ, во согласност со законските можности што им дозволуваат на италијанските градови со голем број туристи да наплаќаат повисоки износи.
Одлуката ја донесе извршниот одбор на градот, врз основа на законот што им дозволува на општините и градовите што се седишта на провинции, во кои бројот на туристички ноќевања е најмалку 20 пати поголем од бројот на жители, да утврдат туристички данок до 10 евра по ноќ.
Градскиот службеник задолжен за локалните даноци, рече дека оваа мерка ја усогласува Венеција со законските можности и практики што веќе се применуваат во другите големи туристички градови.
Тој нагласи дека одлуката се заснова на принципите на праведност и одговорност, како и дека приходите од туристичкиот данок се неопходни за финансирање на јавните услуги, одржување на градот и инфраструктурата и зачувување на квалитетот на животот на жителите.
Венеција е домаќин на милиони посетители секоја година, што претставува значителен товар за ресурсите на градот, пренесуваат медиумите во регионот.
Фото Економија и бизнис







