Вајенас: Луѓето треба внимателно да разберат каде ги чуваат своите заштеди

Зголемената задолженост на државите и забрзаната дигитализација на финансискиот систем отвораат важни прашања за иднината на парите и стабилноста на финансиските пазари, смета Коста Вајенас, главен инвестициски директор во швајцарско друштво за управување со средства, во интервју за Економија и бизнис.

Според него, високите нивоа на јавен долг во одреден момент можат да доведат до ситуација кога пазарите ќе побараат значително повисоки каматни стапки за да продолжат да ја финансираат државата. Последиците потоа можат да се прелеат врз банкарскиот систем и вредноста на заштедите на граѓаните.

Вајенас посочува и на ризиците поврзани со новите форми на дигитални пари, вклучително и стабилните дигитални монети – stablecoins. Тој потсетува дека и во минатото приватните банки издавале сопствени банкноти, но кога таквите системи станувале нестабилни, државата морала да интервенира.

„Основната порака е дека луѓето треба внимателно да разберат каде ги чуваат своите заштеди“, вели Вајенас.

Во услови на големи технолошки и економски промени, тој смета дека инвеститорите не можат со сигурност да знаат кои ќе бидат победниците на иднината. Затоа, според него, најдобар пристап е диверзифицирано портфолио составено од различни класи на средства кои историски покажале отпорност и способност за зачувување на вредноста.

„Едно е да се стекне богатство инвестирајќи во една тесно определена област. Но, нешто сосема друго е да се зачува веќе стекнатото богатство со иста таква инвестиција во тесно определена област“, нагласува Вајенас.


Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОВ

Повеќе од истиот автор

Најчитано