Триглав во првото тримесечје ја потврдува својата прогноза за годишниот деловен резултат за 2026 година

Групација Триглав, во предизвикувачките услови оваа година, одржува стабилно и успешно работење.
триглав лого
  • Вкупниот обем на работењето на Групација Триглав во однос на првото тримесечје од минатата година (во понатамошниот текст: минатата година) се зголеми за 14 проценти, на 633,4 милиони евра, при што главно влијание имаше силниот раст на премиите на меѓународните пазари.
  • Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше 49,3 милиони евра (54,3 милиони евра минатата година), а нето деловниот резултат 39,8 милиони евра (46,1 милион евра минатата година). Имајќи ги предвид очекуваните услови за работење до крајот на годината, Триглав проценува дека во 2026 година ќе го оствари планираниот годишен деловен резултат пред оданочување, во износ од 170 до 190 милиони евра.
  • Комбинираниот количник изнесуваше 93,0 проценти (минатата година 88,5 проценти), додека профитабилноста од нови склучени договори во сегментот Живот изнесуваше 14,8 проценти (минатата година 11,7 проценти). Годишниот поврат на капитал изнесуваше 15,6 проценти (минатата година 19,8 проценти).
  • На крајот на тримесечјето, адекватноста на капиталот беше во целниот опсег, кој е поставен меѓу 200 и 250 проценти.
  • Предлог-дивидендата за 2026 година изнесува 3,00 евра бруто по акција, односно вкупно 68,2 милиони евра, што е за 7 проценти повеќе од минатата година. Во согласност со политиката за дивиденди, тоа претставува половина од нето консолидираната добивка во 2025 година. Предвидениот датум за исплата на дивидендата е 17-ти јуни, 2026 година. Годинешното Собрание на акционери ќе се одржи на 2-ри јуни, 2026 година.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави:

„Задоволни сме од остварените тримесечни резултати; остваривме деловен резултат пред оданочување во износ од 49,3 милиони евра и, имајќи ги предвид очекуваните услови до крајот на годината, проценуваме дека оваа година ќе ја достигнеме неговата планирана висина.

Нашето работење во првото тримесечје од оваа година се одвиваше во попредизвикувачки услови отколку минатата година, главно поради нестабилните услови на финансиските пазари и нешто поголемите природни масовни штети. Во сегментот осигурување одржавме стабилно и профитабилно работење. Во инвестицискиот дел, бевме изложени на волатилноста на финансиските пазари, па со дополнително внимание управувавме со ризиците и со инвестициското портфолио. Успешно ја задржавме нашата капитална моќ и финансиска стабилност.

Во согласност со стратегијата, дополнително го зголемивме обемот на работење и неговото учество надвор од Словенија. На меѓународните пазари на осигурување, соработуваме со бројни партнери и динамично се приспособуваме на можностите и околностите, што може да придонесе обемот на работење да биде нестабилен од година во година.

Оваа година, му предлагаме на Собранието на акционери да исплати дивиденда која е во согласност со нашата одржлива политика за дивиденди. На тој начин, исто така, ја следиме нашата посветеност кон создавање вредност за акционерите.

Остануваме фокусирани на остварување на нашите стратешки амбиции. Би сакал да им се заблагодарам на нашите вработени, кои со својата посветеност и стручност значително придонесуваат за нивна реализација.“

Повеќе од истиот автор

Најчитано