Триглав Осигурување на нова адреса во Струга

Од 1-ви октомври, 2026 година, Триглав Осигурување во Струга продолжува со работа на нова адреса – ул. Пролетерски Бригади бр.39.
триглав лого

Преселбата на нова локација е дел од континуирани напори за обезбедување подобро корисничко искуство. Новите простории се наоѓаат во непосредна близина на досегашната експозитура, овозможувајќи лесен и едноставен пристап за клиентите и партнерите.

„Новата локација на експозитурата во Струга е можност за нас да создадеме уште подобра средина за работа и комуникација и дополнително да ја зајакнеме довербата што ја градиме со нашите клиенти. Нашата посветеност останува непроменета – да бидеме сигурен и доверлив партнер во сите животни ситуации“, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.


Во новите простории, ќе продолжиме да бидеме на располагање на нашите клиенти за сите прашања и потреби, поврзани со нашите производи и услуги. Ви благодариме за довербата и ве очекуваме на нашата нова адреса, велат од компанијата.

Новата локација на Триглав Осигурување во Струга е на следниот линк:
https://maps.app.goo.gl/oc3dB6kKgdofPK3p8

Повеќе од истиот автор

Најчитано