ТРЕТО ДРЖАВНО КВИЗ ПРВЕНСТВО – 13.09.2026 – СКОПЈЕ

ТРЕТО ДРЖАВНО КВИЗ ПРВЕНСТВО – 13.09.2026 - СКОПЈЕ

Македонската Квиз Асоцијација (МКА) го организира третото државно квиз првенство на Македонија во Base42 (Римска 25. Скопје) на 13.09.2026 со почеток во 11:00 часот.

Натпреварувачите повторно ќе имаат можност да се борат за титулите државен првак во две категории: поединечно и во парови.

ПОЕДИНЕЧНО ПРВЕНСТВО

Настанот во поединечна конкуренција ќе биде во истиот формат како и досегашните мастерси, односно ќе се состои од 8 теми по 25 прашања, поделени во два дела од по 4 теми, односно по 100 прашања во секој дел.

Времето за решавање на секој од двата дела е еден час.

Автор на квизот е Бари Исени, актуелниот државен шампион во поединечна конкуренција.

ПРВЕНСТВО ВО ПАРОВИ

Квизот во парови се состои од вкупно 150 прашања, распоредени во два дела.

Првиот дел се состои од 100 прашања, а времето за решавање е еден час. По прегледувањето на тестовите, најдобрите парови ќе обезбедат место во финалето, каде што за време од 30 минути ќе го тестираат своето знаење на уште 50 прашања.

Поените од двата дела се собираат, при што поените освоени во финалната рунда вредат двојно.

Автори на квизот се актуелните државни шампиони во парови – Зоран Јорданов и Мартин Мајк Петрески.

КОТИЗАЦИЈА

Поединечната котизација за секој од квизовите изнесува 200 денари по учесник, додека учеството на двата квиза изнесува 300 денари по учесник.

Котизацијата може да се уплати на лице место на денот на одржување на првенството или на жиро-сметката на МКА: 210075841210139

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето можете да го направите на следниот линк:

https://forms.gle/XExzrP6BAuutqbxD7

АГЕНДА НА ПРВЕНСТВО

10:30 – Регистрација на учесниците

11:00 – Почеток на првенството во поединечна конкуренција – решавање на првиот дел

12:00 – Крај на првиот дел и прегледување на тестовите

12:15 – Почеток на вториот дел

13:15 – Крај на вториот дел и прегледување на тестовите

13:30 – Прогласување на најдобрите во поединечна конкуренција

13:45 – Подготовка за почеток на првенството во парови

14:00 – Почеток на првенството во парови – решавање на првиот дел

15:00 – Крај на првиот дел и прегледување на тестовите

15:15 – Почеток на финалниот дел

15:45 – Крај на финалниот дел и прегледување на тестовите

16:00 – Прогласување на најдобрите во парови

Ве очекуваме на третото Државно квиз првенство на Македонија и на заедничкиот почеток на новата квиз-сезона 2026/27!

Повеќе детали за квизовите и начинот на пријавување може да добиете на страницата за настанот:

https://www.facebook.com/events/1561890044894639

како и на официјалната Facebook страница на Македонската Квиз Асоцијација:

https://www.facebook.com/makedonska.kviz.asocijacija

Повеќе од истиот автор

Најчитано