Во Франција до 19 јуни се регистрирани 301 случај на давење, што е за 14 проценти повеќе од минатата година. Властите директно го поврзуваат ова зголемување со долгорочните топлотни бранови што ја погодија земјата. Министерката за спорт и млади, Марина Ферари, ги опиша бројките како „трагични“ и предупреди дека луѓето се изложуваат на непотребни ризици и дека многу несреќи се случуваат на места каде што не е дозволено пливање или нема спасувачи.
Голем број давења се регистрирани во отворени води, на пример во канали. Значителен број давења, особено кај постарите лица, се случиле и во приватни базени.
Како причина се посочува ненадејното влегување во ладна вода за време на топло време може да предизвика шок и дека луѓето понекогаш „ги преценуваат своите физички способности“.
Европскиот континент се затоплува двојно побрзо од светскиот просек
Екстремната топлина што ги погоди и Шпанија и Италија предизвика големи шумски пожари во овие земји. Во Франција, последиците беа разновидни: поради прекумерната температура на реката Гарон, нуклеарната централа Голфеш беше привремено затворена.
Сушата, исто така, го поттикна ширењето на шумските пожари низ Франција. Најтешка беше ситуацијата во регионот Жиронда на југозапад, каде што повеќе од 200.000 жители беа евакуирани на крајот на јули поради пожарот. Климатските промени ги зголемуваат температурите на глобално ниво, а овој тренд е особено изразен во Европа.
Податоците од климатската служба Коперникус покажуваат дека европскиот континент се затоплува двојно побрзо од светскиот просек. Во исто време, привремените податоци од француските здравствени служби покажуваат дека од крајот на мај до 22 јули, земјата регистрирала 7.300 смртни случаи повеќе од вообичаеното, пренесува Индекс.хр.
Фото Економија и бизнис








