Температурите во Европа се во пораст веќе неколку дена, достигнувајќи рекордни максимуми од над 30 степени Целзиусови во Велика Британија и Франција.
Невиден топлотен бран ја зафати Велика Британија. Вчера, во Лондон беше измерена температура од 34,8 степени Целзиусови, додека во текот на ноќта достигна 21,3 степени.
Претходниот рекорден максимум за мај беше 32,8°C, достигнат во 1922 и 1944 година.
Во Италија се воведени локални ограничувања за активности на отворено, француските плажи се преполни со капачи, а земјоделците се принудени да берат порано.
Според Метео-Франс, понеделникот бил најжешкиот ден регистриран во Франција во мај.
Портпаролката на владата Мод Брежон во вторник извести за „седум смртни случаи“, вклучувајќи „најмалку пет давења“ поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните денови.
Фото Еконономија и бизнис








