Најмалку 579 туристи, меѓу кои 466 странски државјани, се водат како исчезнати по поројните поплави на границата меѓу Непал и Тибет, објави туристичката организација на земјата. Најмалку 157 лица загинаа.
Во поројните поплави во Непал, селата и патиштата беа тешко оштетени, а сè беше покриено со дебел слој камења и кал. Властите повикаа спасувачки екипи од Кина и Индија да помогнат.
Смртоносниот ненадеен поплав можеби бил предизвикан кога долниот дел од глечерот се откршил и се спуштил на дното на долината стотици метри подолу, велат експертите, повикувајќи се на сателитски снимки од „Планет лабс“.
Не е јасно што предизвикало уривање на глечерот, но непалските власти наведоа земјотрес што го погодил регионот неколку минути порано како можна причина, пренесува Курир.
Сателитските снимки направени пред и по катастрофата, покажуваат дека зелената планинска страна сега е закопана во кафеави наноси и седименти.
„Потврдено е дека значаен дел од предниот дел на тој глечер се срушил и на тој начин го предизвикал овој настан, веројатно носејќи со себе значителна количина карпи и седименти“, рече Викрам Гупта, експерт за инженерска геологија и професор на Универзитетот во Сиким во Индија.
Научникот за Земјата Ден Шугар, вонреден професор на Универзитетот во Калгари, рече дека сликите покажуваат дека голема количина снег се стопила во 24 часа пред катастрофата.
„Некои глечери во долината беа покриени со снег вчера, но денес се претежно голи, видлив е само мраз. Со други зборови, иако сè уште не сум видел податоци од метеоролошките станици, веројатно беше топло“, рече тој.
Непалските планини покриени со снег изгубија речиси една третина од својот мраз за нешто повеќе од 30 години поради глобалното затоплување, соопштија Обединетите нации во 2023 година.
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните поплави и лизгање на земјиштето што го погодија Непал, потврди локалната полиција додека околу 600 се сметаат за исчезнати. Денешните снимки од различни делови на земјата покажуваат надојдени води како уништуваат и носат цели згради, а се стравува дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.
Полицијата објави дека најмногу тела, 64 од нив, се пронајдени во округот Читван, 27 жртви се пронајдени во округот Дадинг, 22 во Навалпараси Исток и 19 во Горка додека 13 смртни случаи се потврдени во Нувакот, девет во Танахун и три во Расува. Четириесет и девет луѓе се хоспитализирани поради повреди.
Досега, повеќе од 3.300 полицајци се испратени во погодените подрачја.
Џагадиш Васудев, индиски гуру познат како духовникот Садгуру, објави дека најмалку 77 членови на група верници предводена од неговата организација се водат како исчезнати откако биле однесени од катастрофални поплави на граничен премин. Групата верници се враќала од планината Каилаш во Тибет и била на граничниот премин во Ѓиронг, Кина, во времето на поплавата.
Планината Каилаш се смета за света во хиндуизмот, будизмот, џаинизмот и тибетската религија Бон.
„Нема официјални информации во канцеларијата за имиграција за тоа каде се наоѓаат луѓето. Соработуваме со властите за да се обидеме да стигнеме до тоа место и сме подготвени да учествуваме во спасувањето, без оглед на ризикот“, објави Садгуру.
Фото Економија и бизнис








