СЗО ПРОГЛАСИ ПОВИСОКА МЕЃУНАРОДНА ЗАКАНА ОД ШИРЕЊЕТО НА ЕБОЛАТА ВО КОНГО

Светската здравствена организација (СЗО) ја зголеми проценката на ризикот на „висока“ од претворањето на заразата од ебола во национална епидемија во Демократска Република Конго. Сојот на вирусот за кој не постои одобрена вакцина или лек пред пет дена беше прогласен за меѓународна закана по здравјето од страна на СЗО.

„Сега ја зголемуваме проценката на ризикот на многу висока на национално ниво, висока на регионално ниво и ниска на глобално ниво“, изјави за новинарите шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Досега, во ДР Конго се потврдени 82 случаи на инфекција, седум лица се потврдени како починати од ебола, додека уште 177 смртни случаи и 750 заразени се под сомнение.

Ситуацијата во Уганда во моментов е стабилна, рече шефот на СЗО. Мерките преземени во таа земја, вклучително и интензивно следење на контактите и откажување на масовните собири, се покажаа како ефикасни во спречувањето на ширењето на вирусот, додаде тој.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано