СРБИЈА ЌЕ МОРА ДА УВЕЗУВА ПОВЕЌЕ РАБОТНИЦИ И ДА ИЗДАВА ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ДОЗВОЛИ,  ИЗЈАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека додека бил во посета на Србија овие денови, забележал недостаток на сезонски и многу други работници.

„Без разлика каде сме биле од утрово, во која било фабрика, исто е. Проблем има насекаде, има се помалку работници, ќе мора да увезуваме се повеќе работници и мора да издаваме се повеќе работни дозволи“, рече претседателот Вучиќ, кој денес е во посета на југоисточна Србија.

Тој оцени дека, како што животот станува полесен и поубав, има се помалку луѓе кои сакаат да работат тешка работа и истакна дека повеќе немаме месари, а дека исто ќе биде и со келнерите, готвачите, браварите, заварувачите и сите занаетчии, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано