Со попуст од 15 отсто на апсолутно сѐ, подароци за купувачите и поддршка за локалната заедница, dm drogerie markt вчера (24 септември), повторно ја отвори својата продавница во Градскиот трговски центар во Скопје. По неколкунеделното реновирање, добро познатата dm локација во срцето на градот ги пречека купувачите во обновен, помодерен и уште попријатен продажен простор.
По повод повторното отворање, купувачите можеа да уживаат и во дополнителни изненадувања. Со секоја сметка над 499 денари следуваше подарок Balea гел за туширање, со сметка над 699 денари – торба за пазарување, додека за сметка над 1.999 денари купувачите добиваа подарок пешкир. Подароците беа достапни на денот на отворањето, до истекот на залихите.
Поволностите продолжуваат и во следните денови – до 26 септември купувачите во dm во ГТЦ можат да пазаруваат со 15% попуст на апсолутно сѐ.
Како компанија која континуирано ја негува општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, dm и ова важно поглавје за продавницата во ГТЦ го одбележа со донација за ЈУГД „25 Мај” во вредност од 158.000 денари. На тој начин, компанијата ја продолжува практиката значајните моменти од своето работење да ги поврзува со конкретна поддршка за заедницата.
Во обновената продавница, купувачите повторно можат да ја најдат богатата dm понуда за секојдневните потреби на целото семејство – производи за нега и убавина, нега за мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како и производи за хигиена во домот и нега на алишта. Дел од препознатливата понуда се и сопствените трговски марки Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и многу други, кои комбинираат проверен квалитет со СЕКОГАШ ПОВОЛНО цени.
Реновирањето на продавницата во ГТЦ е дел од континуираните заложби на dm за унапредување на своите продажни простори и создавање уште поквалитетно и попријатно искуство за купувачите. Со обновеното издание на една од своите добро познати локации во Скопје, dm продолжува да го развива препознатливиот концепт на практично пазарување и да одговара на секојдневните потреби на своите купувачи.







