Скопски пазар АД Скопје со нето добивка од 117.798 илјади денари во првите три месеци од годинава

Скопски пазар АД Скопје за периодот Јануари - Март 2026 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех

Вкупни приходи

Остварените вкупни приходи во периодот Јануари-Март 2026 година изнесуваат 181.282 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период од 2025 година бележат зголемувања од 166%. Зголемувањето е резултат на поголем приход од продажба на недвижен имот кои беа присутни во 2026 година.

Скопски пазар АД Скопје за периодот Јануари – Март 2026 година оствари нето добивка од 117.798 илјади
денари. Нето добивката за финансиската година е зголемена за 3622% во однос на претходната година.
Зголемувањето е резултат на поголемите еднократни приходи од продажба на недвижен имот кои беа присутни во 2026 година кои ја зголемија добивката за период на известување во 2026 година.

Вкупни расходи

Остварените вкупни расходи во периодот Јануари-Март 2026 година изнесуваат 63.484 илјади денари и во
споредба со истиот период од 2025 година бележат намалување од 2%. Финансиските расходи се намалени за 59%.

Дивиденда

На редовното Годишно собрание во Мај 2026 година ќе биде донесена одлука за распределба на остварената нето добивка за 2025 година. Во периодот од почетокот на годината до датумот на објава на образложението за постигнатите резултати за период за кој се објавува друштвото нема извршено исплата на дивиденда.

Повеќе од истиот автор

Најчитано