СИНДИКАТОТ СО ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА ЗА НОЕМВРИ – МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА СО КОШНИЧКА ЗА ОКТОМВРИ, колку вреди едната, а колку другата?

Просечната потрошувачката кошничка во октомври била 59.149 денари што е 942 денари повеќе во однос на септември или 1,6 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

На брифинг со медиумите, Дурмиши информира дека најголемо зголемување има кај храната и пијалаците, посебно кај зеленчукот и овошјето. Раст има и кај домувањето, облеката и обувките, рекреацијата, културата, електриката, гасот и други горива.

Секојдневно, рече, се мониторираат цените од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

– Засега цените се во рамки на релативна пазарна стабилност. Нашата цел е да интервенираме само ако има потреба, односно економска оправданост. Кога ќе бидеме известени од ДПИ дека има девијантно однесување кај трговците, тогаш ќе постапиме, истакна Дурмиши.

Тој се осврна и на инфлацијата, месечната е, нагласи, 0,4 отсто, а годишната во октомври 3,3 проценти.

Според Дурмиши, показателите внимателно се анализираат. 

– Во еврозоната инфлацијата е четири отсто. Ние сме најдобри. Сепак, инфлацијата кај нас треба да е под три отсто и ќе го достигнеме тоа до крајот на годината, потенцира Дурмиши.

Во однос на минималната плата, информира дека Владата посветено работи на нејзино зголемување.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2026 година изнесува 70.827 денари во споредба со вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври 2026, која изнесува 70.358 денари, и е зголемена за 469 денари – соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница изнесува 86.202 денари, од кои за станарина, вода, електрична енергија и греење се потребни 21.754 денари.

Според минималната кошница на ССМ, за храна и пијалаци домаќинствата трошат 25.902 денари, за сметки 6.379 денари, за транспорт 5.105 денари…


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано