Јапонскиот архипелаг Рјуку денес беше погоден од земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 50 километри и на 142 километри од Окинава.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Не е издадено предупредување за цунами.
Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот траел долго време.
Фото Економија и бизнис








