ШВАЈЦАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ОДОБРИ ИЗГРАДБА НА НУКЛЕАРНИ ЦЕНТРАЛИ, граѓаните ќе гласаат за оваа можност на референдум

Швајцарскиот парламент го поддржа предлогот на владата да се овозможи изградба на нуклеарни централи, со што повторно ќе се отвори вратата на Швајцарија кон нуклеарната енергија, но исто така беше објавено дека граѓаните ќе гласаат за оваа можност на референдум.

За време на парламентарната дебата, швајцарскиот министер за енергетика Алберт Рести постојано ја нагласуваше потребата нуклеарната опција да остане отворена, со цел да се гарантира долгорочното снабдување со енергија на земјата, објавува Свисинфо.

Неговиот предлог беше поддржан од десничарските и центристичките партии, но не и од левичарските партии, а Зелената партија објави дека ќе распише референдум за можноста за изградба на нови нуклеарни централи, за да можат граѓаните да го кажат своето мислење за тоа, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано