Шпаркасе Банка – пионер во банкарството за млади, ја отвори првата и единствена експозитура за млади во земјата

пионер во банкарството за млади

Шпаркасе Банка ја отвори првата експозитура за млади во земјата – Vibe On експозитура за млади, модерен простор создаден по мера на новата генерација и инспириран од нивните реални потреби, навики и начин на живот.

Новата експозитура носи поинакво банкарско искуство и претставува место каде што младите нема да доаѓаат само за банкарски услуги, туку и за инспирација, поврзување, финансиска едукација и добра енергија. Просторот е дизајниран да се оддалечи од традиционалниот концепт на банка и да создаде атмосфера во која младите ќе се чувствуваат опуштено, добредојдено и свое.

Концептот е создаден врз основа на мислењата и на ставовите што младите ги споделија во рамките на кампањата пред отворањето.

„Сакаме простор каде што ќе се чувствуваме опуштено. Банката треба да има млад дух, а не да биде формална“ – беа дел од пораките што директно влијаеја врз изгледот и атмосферата на новата експозитура.

Vibe On експозитурата за млади е дел од пошироката Vibe On платформа за млади на Шпаркасе Банка, создадена специјално за младите, која ги обединува производите, услугите и активностите наменети за оваа целна група.

Во рамките на платформата, младите имаат пристап до Vibe On пакетот за млади, Vibe On+ пакетот за млади до 28 години, специјално креирани производи, кредити, депозити и банкарски решенија приспособени на нивниот животен стил и потреби, со промотивни услови наменети токму за нив.

Дополнително, преку Vibe On клубот младите добиваат многубројни поволности и бенефити, додека Vibe On Edu  – првата и единствена платформа за финансиска едукација во земјата – нуди едукативни содржини и активности насочени кон развој на финансиската писменост, практични вештини и поддршка при носење на првите финансиски одлуки.

Експозитурата беше отворена со специјално креиран настан, осмислен во духот на Vibe On концептот и енергијата на младите. Настанот помина во атмосфера исполнета со добар вајб, музика, интерактивни активности, диџеј-настап, уникатен food performance и дружење со голем број млади посетители. Целиот амбиент го отслика новиот пристап на Шпаркасе Банка кон младата генерација, поотворен, подинамичен и поблизок до нивниот животен стил.

„Со оваа експозитура правиме чекор напред во начинот на кој ја градиме врската со младите. Веруваме дека иднината се создава заедно, а токму затоа создадовме простор што нуди многу повеќе од класична банкарска услуга, место за поврзување, инспирација и градење нови можности. Денес, повеќе од 60.000 млади клиенти до 28 години ѝ ја имаат доверено својата финансиска приказна на Шпаркасе Банка, што претставува силна потврда за нашата поврзаност со младата генерација и нивните потреби“, изјави Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.  

Со овој концепт, Шпаркасе Банка поставува нов стандард во банкарството, банката да стане место каде што младите не доаѓаат затоа што мораат, туку затоа што се чувствуваат свои, со повеќе слобода, повеќе енергија и добар вајб.

Повеќе информации за Понудата за млади и за целокупната Платформа за млади Vibe On може да погледнете тука.

Повеќе од истиот автор

Најчитано