Семос Едукација добитник на признание на Германско-македонскиот бизнис самит 2026

Семос Едукација доби признание во рамки на Германско-македонскиот бизнис самит 2026, настан посветен на технологијата, иновациите и дигиталната трансформација.

Самитот се одржа во Скопје и обедини околу 400 учесници и над 250 компании од Македонија, Германија и регионот. На настанот присуствуваа претставници од бизнис секторот, институциите и креаторите на економските политики. Годинешното издание се реализираше под мотото „Применетите технологии и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој“, со фокус на иновации, дигитализација и вештачка интелигенција како клучни фактори за конкурентност и раст.

Програмата вклучи панел-дискусии, експертски излагања и презентации од компании, насочени кон практичната примена на технологијата, дигиталните процеси и развојот на човечкиот капитал. Особено внимание беше посветено на потребата од континуирана едукација и адаптација на работната сила на современите технолошки промени.

Семос Едукација активно учествуваше во програмата на самитот. Генералниот директор Валентина Тасева беше модератор на панел-дискусијата „AI во пракса: од имплементација до резултати“, каде се дискутираше за реалните предизвици и можности при воведување на вештачката интелигенција во компаниите.

Во рамки на програмата, Елена Трајковиќ, дата аналитичар и сертифициран Microsoft тренер, одржа презентација насловена „30 години стари и 30 години млади“, посветена на развојниот пат на Семос Едукација, клучните постигнувања на компанијата и нејзината улога во развојот на дигитални вештини и професионални кадри во изминатите три децении. Презентацијата беше дел од програмата преку која Семос Едукација се претстави пред учесниците на самитот и доби признание за придонес во областа на иновациите, дигитализацијата и современите бизнис практики.

„Последните години инвестираме во AI решенија, едукација и дигитална трансформација со јасна цел – да создадеме реална вредност за компаниите и професионалците. Технологијата денес не е дополнување, туку предуслов за конкурентност и ефикасност,“ изјави Тасева.

Ова признание претставува потврда за улогата на Семос Едукација како AI трансформациски партнер, со фокус на развој на знаења и решенија што имаат директно и мерливо влијание врз бизнисот.

Повеќе од истиот автор

Најчитано