Семос Aкадемии со стипендиски фонд од 14.000 евра за 2026 година

Семос Aкадемии ги отвори апликациите за стипендии за септемврискиот упис во 2026 година, обезбедувајќи вкупен фонд од 14.000 евра наменет за кандидати со јасна мотивација, амбиција и желба за професионален развој.

Програмата е особено релевантна за лица кои размислуваат за кариерна промена, се соочуваат со ограничен буџет или чувствуваат дека им недостигаат вештини кои се бараат на современиот пазар на труд, како и за сите што сакаат да напредуваат, да обезбедат повисока плата и да направат јасен следен чекор во својата кариера.

Со повеќе од 30 години искуство во едукацијата и илјадници успешни студенти кои изградиле кариера во земјата и странство, Семос Aкадемии  продолжува да инвестира во нови таленти и да овозможува пристап до практично знаење, менторство од индустриски експерти и силна кариерна заедница. Стипендиите се наменети за сите кои имаат силен интерес за избраната област, сакаат да стекнат практични и применливи вештини и се подготвени активно да инвестираат во својот професионален раст.

Во рамки на стипендискиот фонд се опфатени повеќе академии кои одговараат на актуелните потреби на пазарот, вклучувајќи програми во областа на вештачка интелигенција, програмирање, дизајн, сајбер безбедност, дигитален маркетинг, развој на игри, визуелни ефекти, внатрешен дизајн, проектен менаџмент, човечки ресурси и продажба, со фокус на практична настава и реални проекти.

„Талентот заслужува шанса. Нашата цел е да ги поддржиме оние кои се подготвени да направат следен чекор во кариерата и да им овозможиме реална можност за напредок,“ велат од Семос Aкадемии , потенцирајќи дека фокусот е ставен нa кариерниот развој, а не само на теоретско знаење.

Бројот на стипендии е ограничен и истите ќе се доделуваат според однапред утврдени критериуми, а крајниот рок за аплицирање е 20 мај 2026 година.

Повеќе информации и апликации се достапни на Семос Академии.

Повеќе од истиот автор

Најчитано