Во време кога урбаниот животен ритам станува сè побрз, а инспирацијата за оброци доаѓа од различни гастрономски влијанија, кујната повторно добива централно место во секојдневието. Денес, храната не е само потреба, туку начин на изразување, комбинација од вкус, креативност и личен избор.
Инспирирани од современите гастрономски концепти, каде што сендвичите и бургерите се подготвуваат со внимание на деталите и со слобода во комбинирањето, сè повеќе луѓе го пренесуваат тоа искуство и во домашни услови. Оброците се создаваат спонтано, според моментот, без строги правила.
Во тој контекст, Жито Лукс ја проширува Selection линијата со нов сендвич леб создаден како идеална основа за вакви оброци. Со меки, подебели парчиња и густа структура, тој овозможува подготовка на богати и креативни комбинации, без компромис во формата и вкусот.
„Следејќи ги светските трендови креиравме линија од специјално избрани производи кои се одоговор на потребите од модерниот потрошувач. Креативни млади и динамични луѓе кои не се плашат да експериментираат, се нашите идни лојални потрошувачи. Новиот сендвич леб очекуваме да донесе безброј насмевки, задоволни консументи и мноштво оригинални закуски. “, вели Антоанела Петровиќ, Маркетинг и Трејд маркетинг директор во Жито Лукс.
Мотото „Моја кујна, мој вајб, мои правила“ ја отсликува токму оваа слобода, секој да го создаде својот оброк, во свое време и на свој начин.
Со овој производ, Selection линијата добива нова димензија, нудејќи решение за сите кои сакаат да внесат повеќе разновидност во домашната кујна, прилагодена на современиот начин на живот.








