СЕКОЈА ЧЕТВРТА ГЕРМАНСКА КОМПАНИЈА ИМА ПРОБЛЕМИ СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА СЛОБОДНИТЕ РАБОТНИ МЕСТА, проблемот  е најизразен во неколку сектори

Речиси секоја четврта компанија во Германија не успева да пополни работни места со квалификувани работници, објави економскиот институт Ифо.

Од илјадниците анкетирани компании 23,2 проценти изјавиле дека им недостасуваат квалификувани работници, што е за два процентни поени повеќе отколку во април.

Во исто време, тој удел е сè уште значително под долгорочниот просек од 31,7 проценти, објавува германската новинска агенција ДПА.

„Слабата економија ја ограничува потребата од работна сила“, рече аналитичарката на Институтот Ифо, Дарија Шалер.

Како што предупреди таа, значителното економско закрепнување би можело дополнително да го нагласи проблемот со недостигот на работна сила.

Недостатокот на квалификувани работници во телекомуникацискиот сектор е особено изразен, каде што 31,3 проценти од компаниите се соочуваат со овој проблем. Во април, тој удел беше 16,3 проценти.

Компаниите што се занимаваат со правно и даночно консултирање имаат уште поизразен проблем. Уделот на оние што не успеваат да пополнат работни места се зголеми од 52,4 на дури 64,7 проценти.

Забележливо влошување е забележано и во индустријата.

Додека во април 4,5 проценти од индустриските компании пријавиле проблеми со наоѓање квалификувани работници, сега тоа е 18,7 проценти.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано