САД ВОВЕДУВААТ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ НА ГРАЃАНИТЕ ОД 50 ЗЕМЈИ: Некои ќе мора да депонираат до 20.000 долари за деловна и туристичка виза

САД трајно ќе воведе програма според која од граѓаните на 50 земји може да се бара да депонираат финансиска гаранција до 20.000 долари при аплицирање за деловни или туристички визи.

Властите изјавија дека целта на мерката е да се намали бројот на странци кои остануваат во САД по истекот на нивните визи.

Администрацијата на САД ќе ја направи трајна програмата за визни обврзници, според која кандидатите за одредени американски визи од 50 земји, претежно африкански, ќе мора да обезбедат депозит до 20.000 долари. Новите правила важат за деловни и туристички визи Б1 и Б2, а конзуларните службеници ќе имаат овластување, по нивно дискреционо право, да бараат плаќање обврзница како услов за издавање виза.

Програмата претходно беше во пробна примена во 2025 година, кога износите на обврзниците беа 5.000, 10.000 и 15.000 долари. Конечното правило го елиминира минималниот износ на обврзница од 5.000 долари, додека максималниот износ на обврзница се зголемува на 20.000 долари.

Регулативата стапува на сила на 3 август, кога ќе биде објавена во Федералниот регистар. Од 50-те земји вклучени во програмата, дури 30 се наоѓаат во Африка.

Американските власти изјавија дека целта на оваа мерка е да се намали бројот на странци кои остануваат во САД по истекот на визата, оценувајќи дека пилот-програмата покажала дека визните обврзници се ефикасен механизам за поттикнување на почитувањето на визните правила, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано