Ристовски: Транспарентноста како конкурентска предност

Димитар Ристовски, корпоративен секретар, Алкалоид АД Скопје

Димитар Ристовски, корпоративен секретар, Алкалоид АД Скопје

Имајќи ја предвид глобалната поставеност на Алкалоид АД Скопје, објавувањето на четирите последователни ЕСГ-извештаи претставува значаен чекор во насока на зајакнување на корпоративната транспарентност и усогласување со современите глобални стандарди за одржливо и за одговорно работење, a особено со новите стандарди за нефинансиско известување на ЕУ. Ваквата практика носи повеќеслојни придобивки како за самата компанија така и за нејзините засегнати страни.

Најнапред континуираното објавување на ЕСГ-извештаи придонесува за зголемување на довербата кај инвеститорите, партнерите и пошироката јавност. Преку систематско презентирање на резултатите во областите на животната средина, општествената одговорност и корпоративното управување, компанијата демонстрира транспарентност и отчетност, што е клучен фактор за задржување и за дополнително унапредување на долгорочната репутација на светските пазари.

Дополнително ЕСГ-извештаите овозможуваат подобро управување со ризиците и идентификување на можностите за одржлив раст. Значајна придобивка е и зголемената конкурентност на меѓународните пазари. Истовремено ваквото известување придонесува и за подобрување на корпоративната култура и на ангажманот на вработените. Преку јасно дефинирани цели и резултати во областите на одржливост и на општествена одговорност се зајакнува чувството на припадност и мотивација кај вработените, што позитивно се одразува врз продуктивноста и долгорочниот развој на Алкалоид АД Скопје.

Повеќе од истиот автор

Најчитано