Ристески: Потрошувачката кошничка е донесена, очекувам примената да почне од септември

Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. 

Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека  просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка.

– Да повторам по не знам кој пат, дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка, која не е минимална, ја објавуваат синдикатите според некои нивни параметри. Оваа кошничка нам ќе ни користи за водење исправни економски политики, носење исправни закони, одлуки и мерки, базирани на добро обработени статистички податоци, подвлече Ристески.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано