РАЗВОЈНА БАНКА ГИ ПРЕТСТАВИ ФИНАНСИСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ПРЕД БИТОЛСКИТЕ КОМПАНИИ, стопанствениците се интересираа дали може да се изврши преземање на долговите од државните компании во Македонија

Развојната банка продолжува со активности за поголема достапност на своите производи и услуги до компаниите низ целата држава, со цел да придонесе кон подобра ликвидност, поголема сигурност и зголемена конкурентност на македонскиот бизнис. Вчера во Битола се одржа презентација на своите финансиски производи и услуги пред компаниите од Пелагонискиот регион.

На настанот беа претставени кредитното осигурување на домашни и извозни побарувања, новата E-Insurance дигитална платформа, факторингот, гаранциите и Гарантниот фонд, како и кредитните производи и кредитните линии за инвестиции и обртни средства.

  • Посветени сме кон зголемување на извозот на македонските компании и  сите заеднички да работиме за подигнување на економскиот раст на земјата. Портфолиото на банката е  500 милиони евра, а тоа е  показател дека Развојна банка е клучен двигател на економскиот раст на земјата. Само во 2025 година имаме над 250 милиони евра во нови инвестиции. Нашата цел е да креираме пови производи  кои ќе произлезат од вашите предлози и потреби, изјави Ефимија Димовска, главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија.  

Горан Дамовски, директор на  Швајцарската програма за зголемување на пазарна вработливост – ИМЕ, се осврна на придобивките што им стојат на компаниите во користењето на платформите онлајн платформа за кредитно осигурување E-INSURANCE (E-Осигурување) и за извозно кредитно осигурување.

  • Во рамките на проектот финансиран од Швајцарската амбасада во Македонија работиме  на поддршка во два сектора туризмот и земјоделството односно прехранбената индустрија. Развојната банка е од еден од нашите најзначајни партнери во заедничкото креирање на инструменти  во функција на унапредување на бизнисите. Во таа насока беше и кредитната линија за дигитализацијата. Заеднички работевме и на платформата за извозно осигурување, големите фирми покажаа иницијатва и се надевам дека и малите компании ќе ги следат и ќе ги корисатат придобивките од оваа услуга, која во целост одговара на компанните и која ќе овозможи целосен дигитален пристап и покомотно тргување на пазари кои не се доволно познати а воедно и како поволност да го прошируваат сопственото портфолио со нови клиенти и пазари, изјави Дамовски.

Пред битолските стопанственици беше презентирана новата онлајн платформа за кредитно осигурување E-INSURANCE (E-Осигурување), со која корисниците односно македонските компании имаат можат побрзо и побезбедно да аплицираат за осигурување на извозот, да управуваат со ризици со поголема контрола и да ја оптимизираат ликвидноста и пристапот до финансирање.

Меѓу придобивките од користењето на оваа платформа беа споменати, можноста за електорнско аплицирање 24/7, следењето на статусот на барањето, автоматско известување на корисниците за евентуалните доцнења во исплатите на побаривањата, како и намалување на трошоците на компаниите. 

Во отворената дебата по презентацијата битолските стопанственици се интересираа за тоа кои услуги можат да се добијат директно од Развојната банка, без посредство на деловните банки, како и за тоа дали може да се изврши преземање на долговите од државните компании во Македонија.

Одговорот на претставниците на Развојна банка беше дека преземањето на побарувањата може да се врши само од приватни компании. Како позитивно искуство беше посочен и примерот на голема компанија од Битола која успеа да наплати поголем долг од домашна трговска компанија.


подготви Митко Јовановски

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано