Американските акции вчера беа во позитива, поттикнати од растот на технолошките компании, како и од падот на цените на нафтата и приносите на американските државни обврзници.
Индексот Dow Jones доби 205 поени, или 0,4 проценти, а S&P 500 и Nasdaq добија околу 0,5 проценти, објави CNBC. Растот на берзанските индекси го предводеа компаниите од секторот за производство на чипови. Акциите на компанијата Marvel Technologies (Marvell Technology) пораснаа за околу седум проценти, а Nvidia и Broadcom за околу еден процент.
Падот на цените на нафтата дополнително влијаеше врз растот на акциите. Така, цената на северноморската нафта Brent падна за околу два проценти, на приближно 98 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта WTI падна за околу 1 процент, на околу 87 долари за барел, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис








