Со големо задоволство, Ramstore го објави отворањето на својот втор маркет во Штип, лоциран на Ул. Борис Крајгер бр. 20А.
Новиот Ramstore маркет, кој е 34-ти продажен објект на компанијата во земјава, располага со 600 м² современо уреден и функционално организиран продажен простор, како и дополнителен магацински простор од 130 м². Маркетот е дизајниран со фокус на практичност, удобност и пријатно шопинг искуство за потрошувачите.
Асортиманот опфаќа над 6000 производи, внимателно селектирани според високите стандарди за квалитет, свежина и разновидност. Во рамки на маркетот се наоѓа деликатес оддел со квалитетни производи, пекара со секојдневно свежо подготвени производи, пиљара со свежо овошје и зеленчук со акцент на сезонската понуда, како и месара со свеж и внимателно избран асортиман на месни производи. Дополнително, потрошувачите имаат на располагање широк избор на производи и познати брендови за секојдневните потреби.

За квалитетната услуга и пријатната атмосфера се грижи тим од 17 вработени, додека на располагање на потрошувачите се и 3 наплатни каси, како и обезбеден паркинг простор пред објектот.
Отворањето на маркетот беше одбележано со бројни промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи, а специјалните понуди ќе бидат достапни до 30 мај. Покрај големите попусти, потрошувачите имаат можност да ги искористат и бенефициите од Ramstore Club картичката за дополнителни поволности при купувањето.
Со новиот маркет во Штип, синџирот Ramstore Македонија достигнува вкупно 34 маркети во 8 градови низ државата, со вкупна продажна површина од околу 30.000 м². Компанијата продолжува да расте и да инвестира во квалитетна услуга, современи продажни концепти и тим од над 750 вработени ширум земјата.
Со ова отворање, Ramstore уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање модерно, достапно и квалитетно шопинг искуство за своите потрошувачи.








