Први во Македонија – YOVA воведе дигитален пасош за своите производи во соработка соиталијански партнери

YOVA воведе дигитален пасош

Македонскиот бренд за одржливи чанти YOVA воведе дигитален пасош за своите производи, отворајќи ново поглавје во својата приказна каде традиционалната рачна изработка се поврзува со современата технологија. Развиен во соработка со италијански партнери, овој систем овозможува секоја YOVA чанта да добие сопствен уникатен дигитален идентитет — доказ за нејзиното потекло, автентичност и приказна. Со
воведувањето на дигиталниот пасош што поставува нов стандард за транспарентност, YOVA ги заштитува производите и се усогласува со престојните ЕУ регулативи. Секоја ташна од новата колекција “Blossom” содржи уникатен NFC чип, кој е доказ за автентичност на производот.

За бренд кој својата филозофија ја гради врз рачна изработка, одржливост и зачувување на традиционалниот македонски занает на хеклање, воведувањето на дигитален пасош претставува природно продолжение на вредностите на YOVA. Наместо производ без потекло, секоја чанта отсега носи дигитален запис за своето создавање — од материјалите што се користени, процесот на изработка и деталите за моделот, до приказната што стои зад дизајнот.


Преку едноставен пристап, скенирање на NFC чипот кој се наоѓа во внатрешноста на чантата, клиентите ќе можат да добијат увид во потеклото на производот, односно од каде се набавени материјалите, какви материјали се користени и каде е направена ташната, како и потврда за нејзината автентичност. На овој начин, дигиталниот пасош станува повеќе од технолошка алатка — тој е дигитален архив на производот и начин вредноста на рачната изработка да биде видлива, зачувана и препознаена.

„При процесот на создавање на еден производ внимаваме на целиот животен циклус, и гледаме тој да е затворен. Тоа значи дека внимаваме какви материјали користиме и од каде ги набавуваме. Гледаме тие да се создадени од пририден материјал и со висок квалитет. Во дигиталниот пасош може дасе прочита и каде е создаден производот, а со овој дигитален идентитет на производот не само што клиентот добива пристап до нашата транспарентност, туку и дознава крајниот корисник како тој производ може да биде понатаму разграден или рециклиран. За нас, ова не е само иновација, туку нов начин да создадеме подлабока врска помеѓу производот и жената што го носи,“ велат основачките на YOVA.

Оваа иновација дебитира со новата колекција Blossom Пролет/Лето 2026, инспирирана од идејата за раст, нови почетоци и процут. Не случајно токму Blossom ја носи оваа промена — колекцијата симболично означува нова ера за брендот, во која занаетчиството и технологијата не се спротивности, туку природни сојузници.

Во време кога модната индустрија сè повеќе се движи кон транспарентност, следење на потеклото и одговорно производство, дигиталниот пасош станува иднина на модата. YOVA ја препознава оваа промена рано и ја претвора во можност да создаде производ со поголема вредност — не само естетска, туку и емотивна, документирана и долгорочна.

Со воведувањето на дигиталниот пасош, YOVA уште еднаш ја потврдува својата визија: создавање внимателно изработени парчиња со душа, потекло и приказна што трае — чанти создадени не само да се носат, туку да останат.

Чантите од колекцијата „Blossom“ се достапни за нарачка преку официјалната веб-страница на YOVA, а со дигиталниот пасош, секој клиент добива повеќе од производ — добива приказна што може да ја следи и сподели.

Повеќе од истиот автор

Најчитано