Промената на снабдувач со електрична енергија е полесна отколку што мислите

Промената на снабдувач со електрична енергија е полесна отколку што мислите

Многу компании сè уште сметаат дека промената на снабдувач со електрична енергија е сложена постапка која може да предизвика прекин во работењето. Во реалноста, процесот е едноставен, брз и целосно административен, а придобивките можат значително да ги намалат трошоците за електрична енергија.

При промената на снабдувачот нема прекин во снабдувањето со струја, нема технички интервенции, нема промена на броилото и нема никакви измени на постојната електрична инсталација. Електричната енергија продолжува да се испорачува преку истата дистрибутивна мрежа – се менува само снабдувачот.

Еден од снабдувачите кои може да ги изберете и да добиете одлична понуда е и ЕДС, која во изминатиот период бележи значителен раст на број на клиенти. Преминувањето во ЕДС е брзо и едноставно. Доволно е да стапите во контакт со продажниот тим на ЕДС, да доставите основни информации за вашата компанија и потрошувачката, по што ќе добиете понуда прилагодена на вашите потреби. По потпишувањето на договорот, ЕДС ја презема целата административна постапка за промена на снабдувачот, додека вашата компанија продолжува да работи непречено.

Покрај конкурентните цени на електрична енергија, ЕДС нуди флексибилни тарифни модели, сигурно и стабилно снабдување, професионална корисничка поддршка и решенија прилагодени на потребите на секој бизнис. Како дел од PPC Group, една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа, ЕДС обезбедува дополнителна сигурност, стабилност и долгогодишно искуство во енергетскиот сектор.

За компаниите кои сакаат поголема предвидливост на трошоците, ЕДС нуди можност за фиксна цена на електрична енергија до 24 месеци. На тој начин бизнисите можат полесно да ги планираат своите трошоци и да се заштитат од непредвидливите пазарни движења.

„Многу компании се изненадени кога ќе сфатат колку е едноставна постапката за промена на снабдувач.Нема прекини во снабдувањето, нема технички компликации, а нашиот тим ја презема целата административна постапка. Така клиентите брзо добиваат поконкурентни цени, сигурно снабдување и професионална поддршка,“ вели Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

Изборот на снабдувач денес не е само избор на пониска цена, туку избор на сигурен енергетски партнер кој ќе му помогне на вашиот бизнис да биде поконкурентен, поефикасен и подготвен за предизвиците на енергетскиот пазар.

Повеќе од истиот автор

Најчитано