ПРОДОЛЖУВА ГЕРМАНСКАТА СТАНБЕНА КРИЗА, помалку изградени станови

Германската станбена изградба е во криза со години, а минатата година падна на најниско ниво од 2012 година. Имено, во целата земја се завршени само 206.600 станбени единици, односно 45.400 или 18 проценти помалку отколку во 2024 година и најмалку во последните 14 години.

Во исто време, одобрени се малку повеќе станбени проекти: за 238.100 единици, односно 10,6 проценти повеќе од претходната година, објави Дестатис во петок, пренесува ДПА.

Бројот на започнати, а сè уште незавршени станови остана приближно ист на 760.700 единици, од кои 307.200 беа во изградба на крајот од годината.

Се проценува дека на Германија ѝ недостасуваат околу еден милион станови.

Претходната влада во својата програма ја вклучи целта за изградба на 400.000 станови годишно, но не се приближи ниту до најдобриот резултат, завршени 306.000 станови во 2020 година.

Сегашната влада, која е на власт малку подолго од една година, сака да ја стави изградбата на станови во „турбо режим“ со забрзување на издавањето дозволи и обновување на субвенциите со енергетски ефикасна градба.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано