ПРОДАЖБАТА НА НОВИ КУЌИ ВО САД ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО, причина високите трошоци за кредитирање

Пазарот на недвижности во САД продолжува да ги трпи последиците од високите трошоци за кредитирање, и покрај постепеното зголемување на понудата на домување.

Продажбата на нови едносемејни домови во Соединетите Американски Држави се намали за 7,3 проценти во мај во однос на претходниот месец и падна на најниско ниво за четири месеци, објави Бирото за попис на САД.

Продажбата се случи со сезонски прилагодена годишна стапка од 580.000 единици, што е далеку под пазарните очекувања од 640.000 домови и е пониска од ревидираните 626.000 единици во април, објави „Трејдинг економикс“.

Аналитичарите проценуваат дека повисоките каматни стапки на хипотекарните кредити продолжиле да го оптоваруваат пазарот на недвижности и да го намалуваат интересот на купувачите за купување нови домови.

Најголем пад е забележан во западниот дел на САД, каде што продажбата се намали за 26,9 проценти, додека на југот, најголемиот пазар на недвижности во САД, падна за 4,1 процент.

Во исто време, североисточниот дел од земјата забележа зголемување на продажбата од три проценти, додека на Средниот Запад продажбата се зголеми за 16,2 проценти.

Податоците исто така покажуваат дека понудата на нови куќи продолжи да расте. Во мај на пазарот имаше 496.000 нови станбени единици, што е доволно за 10,3 месечна продажба по сегашните цени, најмногу од глобалната финансиска криза во 2009 година, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано