ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА

Премиерот Христијан Мицкоски очекува од утре да има ново зголемување на цените на горивата, но конечните пресметки треба да ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека според владините калкулации, минатата седмица имало раст на цената на нафтата на светските берзи за околу 5 до 6 отсто, а кај бензините зголемување од 2 до 3 отсто.

Според неговите очекувања, дизел горивото би можело да поскапи за околу 2 до 2,5 денари по литар, додека бензините би се зголемиле за околу еден денар.

„Очекувам да имаме зголемување околу 2 до 2,5 денари по литар за дизел горивото и околу денар за бензините, но сепак да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека и покрај можниот раст, државата, според него, останува меѓу земјите со најниски цени на дизелот и бензините.

Новите малопродажни цени ќе бидат познати по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, која редовно ги пресметува цените врз основа на движењата на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано