ПОВЕЌЕ СКОПСКИ УЛИЦИ СО ПРЕКИНИ ВО СНАБДУВАЊЕ СО СТРУЈА И ВОДА

Жителите на повеќе скопски населби денес ќе имаат прекин во водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија поради технички интервенции на мрежите.

Во период од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од улиците: „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба.

Причината е изведување нов водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Гемиџиска“.

Во Бардовци, од 8:30 до 14:30 часот, можно е намалување на притисокот или привремен прекин на водоснабдувањето поради поставување нов систем за автоматско управување во Хидрофор Бардовци.

Повеќе скопски населби и улици ќе бидат засегнати од планирани исклучувања: Сарај – селата Рашче, Копаница и Бојане: од 8:00 до 13:00 часот, Лисиче (Аеродром) – дел од улицата „Богомилски поход“: од 8:00 до 14:00 часот, Визбегово – улица 3 и улица „Индира Ганди“: од 8:00 до 16:00 часот и улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и „Виа Игнација“ кај зграда број 8: од 9:30 до 14:30 часот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано