Рокови до крајот на ЈУНИ 2026 година
25 јуни 2026 година (четврток): Рок за поднесување и плаќање на ДДВ за месец МАЈ 2026 година. ДДВ обврзниците поднесуваат ДДВ-пријава ДДВ-04 и плаќаат утврдена обврска за ДДВ за месец МАЈ 2026 година (чл. 41.1 од ЗДДВ)
30 јуни 2026 година (вторник) – Рок за повеќе обврски
Можноста за користење на остатокот од годишниот одмор за 2025 година завршува со 30-ти јуни 2026 година
Достава до УЈП на електронски Пријави за минималниот глобален данок на добивка – GloBe (домашен дополнителен данок на добивка)
Достава до Централниот регистар – РГС на одобрените ревидирани Финансиски извештаи (ФИ) и Годишен извештај за работењето на друштвото (ГИРД) и Одобрените консолидирани Годишни сметки (ГС) и одобрените консолидирани ФИ со ГИРД
Непрофитни организации имаа можност до УЈП да поднесат Барање за враќање на ДДВ (образец ДДВ-12), со исполнување на законските услови
ДДВ обврзници-нерезиденти имаат можност до УЈП да поднесат Барање за враќање на ДДВ (образец ДДВ-11), со исполнување на законските услови
Граѓаните кои имаат неплатена обврска за 2025 година по основ на данок на личен доход (персонален данок на доход), ја плаќаат неплатена разлика на годишниот данок на доход од ДЛД-ГДП за претходната година
Јуни 2026 година има 22 работни денови и 176 работни часови за кои се исплатува плата и надомест на плата. Во месец јуни 2026 година немаше ниту еден празник.








