На бензиските пумпи во Скопје во попладневните часови може да се забележи зголемен број на граѓани кои чекаат за да ги надополнат резервоарите на возилата пред најновото поскапување на горивата. Поголемиот дел од возачите чекаа да надополнат од дизелот, поради значителното зголемување на цената која денеска ја определи Регулаторната комисија за енергетика.. Со полнењето на резервоарот по стара цена може да се заштеди од 100 до 150 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 5,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари по литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,50 за литар, а Мазутот М-1 НС за 0,938 денари за килограм.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 87,00, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 89,00, Екстра лесното масло за 86,00 денари, а килограм Мазут М-1 НС за 42,168 денари.
Фото Економија и бизнис







