Цените на нафтата денеска се намалија откако САД почнаа акција за повторно отворање на Ормуска Теснина. Но, падот на цените е ограничен и нафтата се тргува за повеќе од 110 долари за барел.
На отворањето на американските берзи денес, имаше зголемување на вредноста на акциите, по падот на цените на нафтата и неочекувано добрите резултати на компаниите што го ублажија влијанието на тензиите на Блискиот Исток.
Берзанскиот индекс Dow Jones порасна за 0,3 проценти, или околу 150 поени, S&P 500 за 0,7 проценти, а Nasdaq за 1,0 проценти, објави CNBC.
На Лондонската берза нафтата Брент попладне се продаваше за 112,61 долари за барел или за 1,6 отсто помалку од вчерашната цена на затворање на берзите. Вчерашниот ден заврши со раст на цената на нафтата за 5,8 проценти. На берзите во САД цената на американската лесна нафта се намали за 2,5 долари и се тргуваше за 103,92 долари. Намалувањето во однос на вчера е 2,35 проценти, откако вчерашниот раст изнесуваше 4,4 отсто.
Фото Економија и бизнис







