Цените на нафтата пораснаа во понеделник откако плановите за втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран повторно пропаднаа.
Меѓународната референтна цена на суровата нафта Брент порасна за повеќе од 1% на 106,56 долари за барел. Цената на американската сурова нафта се зголеми за 0,9% на 95,25 долари.
Претседателот Доналд Трамп во саботата ги откажа плановите за испраќање на американскиот претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Исламабад, Пакистан, на разговори со Иран.
„Премногу време поминато на патување, премногу работа! Плус, има огромни внатрешни борби и конфузија во нивното „раководство““, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Фото Економија и бизнис







