ПОЧЕТОК НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НОВИОТ ЕДНОШАЛТЕРСКИ СИСТЕМ, од една точка ќе се даваат услуги од 15 институции за увоз и извоз

Започнуваме со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. Од една точка ќе се даваат услуги од 15 институции за поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока, објави министерот за транспорт Александар Николоски, на својот профил на социјалните мрежи.

Националниот Едношалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки.

Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, напиша Николоски.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано