ПО ТРАМП И ПУТИН И ВУЧИЌ ВО ПОСЕТА НА КИНА ПО ИНВЕСТИЦИИ ЗА ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА, петдневната посета е најважна од сите досегашни објави српскиот претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе престојува во официјална посета на Народна Република Кина од 24 до 28 мај, соопшти кабинетот на претседателот.

Се додава дека Вучиќ ќе биде во Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вучиќ ја најави таа посета како „веројатно најважна“ што ја имал досега и додаде дека очекува „повеќе од 30 договори и инвестиции од една милијарда евра“ по разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг. Исто така, според најавите, Србија ќе биде првата европска земја што ќе изгради „заедница со заедничка иднина во нова ера“ со Кина.

Рускиот претседател Владимир Путин ја заврши вчера посетата на Кина, а американскиот лидер Доналд Трамп неодамна беше во Пекинг.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано