ПЛАН ЗА СМИРУВАЊЕ НА ТРГОВСКАТА ВОЈНА МЕЃУ САД И КИНА – што содржи новиот пристап на Вашингтон во трговските односи со Пекинг

Соединетите Американски Држави и Кина оваа недела би можеле да го направат првиот чекор кон нов модел на трговска соработка, во кој двете страни би ги намалиле царините за стоки во вредност од околу 30 милијарди долари, пишува Ројтерс.

Планот треба да биде една од клучните теми на самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг.

Вашингтон повеќе не се фокусира на обидот да го промени кинескиот економски модел предводен од државата, туку на постигнување на специфични трговски цели во сектори кои не се поврзани со националната безбедност.

Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир рече дека целта не е да се промени начинот на кој Кина управува со економијата.

„Тоа веќе е вградено во нивниот систем, но мислам дека постои начин да се најде каде можеме да ја оптимизираме трговијата меѓу Кина и САД за да постигнеме поголема рамнотежа“, изјави Грир за Фокс Бизнис.

Mеѓу секторите што би можеле да бидат опфатени со намалувањето на царините се енергијата и земјоделството. Кина во моментов одржува дополнителни царини за американската нафта, течен природен гас, јаглен и говедско месо.

САД продолжуваат да применуваат царини од првата трговска војна на Трамп со Кина за широк спектар на кинески производи, вклучувајќи телевизори, Bluetooth слушалки, обувки и електронски уреди.

Вкупната трговија меѓу САД и Кина се намали за 29 проценти, од 582 милијарди долари во 2024 година на 415 милијарди долари во 2025 година, според податоците од Бирото за попис на САД.

Во исто време, американскиот трговски дефицит со Кина е намален за речиси 32 проценти, на 202 милијарди долари, што е најниско ниво во последните две децении, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано