Париз формира независна комисија по серијата случаи на сексуално насилство во училиштата

Од 1 јануари годинава досега во Париз од работа се отстранети 132 училишни аниматори, од кои 52 поради сомневања за сексуално или сексистичко насилство, изјави парискиот градоначалник Емануел Грегоар.

Француската јавност неодамна беше потресена од смртта на 11-годишно дете, каде што главен осомничен е маж против кого претходно биле поднесени низа пријави за напади врз малолетници. Во Париз, исто така, беа регистрирани серија случаи на сексуално насилство врз деца, поврзани со активности организирани во училиштата надвор од редовната настава.

Градоначалникот од редовите на социјалистите, Грегоар, најави формирање „независна истражна комисија“ за ова прашање, чие раководење му е доверено на поранешен судија за малолетници. 

извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано