ОПЕК+ втор месец без зголемување на производството: Седум земји ги задржуваат целите за ноември

Седум земји од ОПЕК плус се договорија да ги задржат без промена целните нивоа на производство на нафта во ноември, соопшти денеска организацијата која одржа виртуелен состанок. Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман ќе ги одржат септемвриските нивоа на производство во ноември.

Земјите ја потврдија својата заедничка посветеност да се придржуваат кон договорите според Декларацијата за соработка, што е основа за координација меѓу членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта и нивните сојузници.

Ова е втор месец по ред без ново зголемување на целното производство. На состанокот на 6 септември, ОПЕК плус, исто така, ги остави октомвриските нивоа непроменети, откако одлучи да го одржи септемвриското производство.

ОПЕК плус ги зголемуваше своите целни нивоа за поголемиот дел од годинава по долг период намалувања. Но, голем дел од планираното зголемување остана на хартија поради војната меѓу САД и Израел со Иран и нарушувањето на извозот од регионот на Заливот.

Седумте земји произведоа вкупно 25 милиони барели дневно во август, што е за 630.000 барели повеќе дневно во однос на јули, но околу 5 милиони барели дневно под нивото во февруари пред војната, според податоците на ОПЕК.

фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано