Седум земји од групата ОПЕК плус одлучија да го одржат сегашното максимално ниво на производство на нафта во октомври, објавиja од оваа организација.
„Седум земји учеснички одлучија да го одржат производството од септември 2026 година“, се наведува во соопштението.
Оваа група ја сочинуваат Русија, Саудиска Арабија, Ирак, Кувајт, Алжир, Казахстан и Оман.
Од септември, членовите го зголемија производството на нафта за дополнителни 188.000 барели дневно.
„Седумте земји од групата ОПЕК плус ќе продолжат да одржуваат месечни состаноци за да ги разгледаат пазарните услови. Следниот состанок ќе се одржи на 4 октомври“, се заклучува во соопштението.
Фото Економија и бизнис








