Земјите-членки на ОПЕК+ денес се согласија да ги одржат постојните цели за производство на нафта во првите три месеци од 2027 година, додека разгледувањето на производствените квоти за следната година ќе биде одложено до крајот на март следната година.
Според тројца делегати на ОПЕК+, кои разговараа со Блумберг под услов на анонимност, групата го одложи завршувањето на проценката на производствените капацитети на своите членови, која требаше да послужи како основа за утврдување на квотите за 2027 година.
Процесот наиде на несогласувања, откако Ирак и Казахстан ги оспорија проценките за нивните производствени капацитети, велејќи дека се премногу ниски.
Два извори рекоа дека рокот за завршување на проценката е поместен за крајот на март, додека резултатите би можеле да се дискутираат на следниот министерски состанок во јуни.
Цените на нафтата претходно надминаа 100 долари за барел поради конфликти и прекини во снабдувањето, но ослабеа во последните недели поради зголемувањето на извозот од Персискиот Залив и очекувањата дека може да има вишок на снабдување во 2027 година.
Според проценките на „Ристад енерџи“ за CNBC, глобалниот вишок на нафта би можел да достигне пет милиони барели дневно следната година, што одговара на приближно пет проценти од светската побарувачка, пренесува Еуроњуз.рс.
Фото Економија и бизнис








