Официјален почеток на Пазарот на струја во тековниот ден

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје денеска и официјално ќе го означи почетокот на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market).

На настанот по овој повод, најавени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Поздравни обраќања ќе имаат и генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, генералниот директор на БСП и претседател на Управниот одбор на АДЕКС, Анже Предовник, како и Мартин Мартиновски, експерт за електрична енергија и статистика во Енергетската заедница.

– Со почетокот на Пазарот во тековниот ден се прави значаен исчекор кон унапредување на функционалноста на организираниот пазар на електрична енергија, наведуваат од МЕМО. 


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано