ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА – Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.


Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 6,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 87,50 ден/лит.


Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 3,238 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,906 ден/кг.

Повеќе од истиот автор

Најчитано