Од 2027 година, овластените сметководители ќе имаат обврска да вршат финансиска анализа за рано предупредување од ризици на компаниите

Многу важно за ОВЛАСТЕНИТЕ СМЕТКОВОДИТЕЛИ / СМЕТКОВОДИТЕЛИ

ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И ПРЕВЕНТИВНО ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА со најавена примена од 2027 година

Линк до предлог Законот: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation…

Цитат:

„Обврски на сметководителот

Член 6

(1) Овластениот сметководител, односно лицето задолжено за водење на сметководството во трговското друштво, е должно во рамките на системот за рано предупредување од член 5 на овој закон:

1. да изготвува и доставува периодични квартални финансиски извештаи и индикатори за следење на ликвидноста и солвентноста на друштвото, најмалку на квартално ниво.

2. да ја изготви и ажурира проекцијата на готовинскиот тек за период од 12 месеци.

3. во писмена форма и без одлагање да го извести органот на управување доколку утврди постоење на околности што укажуваат на ризик од инсолвентност.

4. да предложи преземање на мерки за финансиска стабилизација како и укаже на можноста за започнување на постапка за превентивно преструктурирање.

(2) Сметководителот е должен да обезбеди точност, целосност и навременост на финансиските податоци и информации што ги изготвува или обработува во рамките на системот за рано предупредување.

(3) Сметководителот не одговара за деловните одлуки донесени врз основа на доставените информации, доколку постапувал со должно внимание и во согласност со закон и професионални стандарди.“

Сметководителите кои нема да знаат финансиска анализа ја слабеат својата пазарна позција и го зголемуваат регулаторниот ризик.

извор Про Aгенс Агенција – Pro Agens

Повеќе од истиот автор

Најчитано