Законот за работно ангажирање на лица има цел да формализира дел од пазарот на трудот кој со години функционираше надвор од законските рамки, особено кај краткотрајните, повремените и сезонските работни ангажмани. Ова во интервју за „Економија и бизнис“ го истакнува Кристијан Трајковски
Проектен координатор во Центарот за истражување и креирање политики, кој посочува дека токму во земјоделството, угостителството, туризмот и услугите работодавачите сè потешко обезбедуваат работници.
Според него, новото законско решение треба да овозможи работодавачите едноставно и законски да ангажираат дополнителна работна сила, додека лицата кои работат ќе имаат евидентиран ангажман и социјално осигурување. Целта е истовремено да се намали неформалната економија, да се подобри функционирањето на пазарот на трудот и да се зголеми правната сигурност за работниците.
Трајковски очекува со примената на законот да се зголеми бројот на формално регистрирани сезонски ангажмани и да се намали работењето „на црно“, што би овозможило и подобри податоци за состојбите на пазарот на трудот.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОВ








