Српската влада усвои предлог за проширување на гарантната шема за купување прв дом за млади луѓе на возраст од 20 до 35 години за 300 милиони евра, со што вкупниот износ на кредити опфатени со гаранцијата ќе достигне 900 милиони евра.
Како што е наведено во соопштението, владата усвои предлог за измена на Законот за воспоставување гарантна шема и субвенционирање на дел од каматата како мерка за поддршка на младите луѓе при купување на нивниот прв дом.
Измените на Законот беа предложени со оглед на тоа што се покажа дека младите луѓе, на кои се однесува овој закон, се многу заинтересирани за купување.
Владата, исто така, усвои решенија за доделување на награди за спортисти, добитници на медали за Србија на разни европски натпревари во вредност од 10.000 евра и доделување на национална пензија, пренесува РТС.
Фото Економија и бизнис








