Продажбата на мотоцикли во Европа продолжува силно да расте, па така во првата половина од оваа година, на петте најголеми европски пазари се регистрирани 636.490 нови мотоцикли, што претставува зголемување од 16,8 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Растот е забележан на сите најголеми пазари, а најмногу се издвојуваат Германија (27,6 проценти) и Шпанија (23,6 проценти), додека Италија, како најголем европски пазар на мотоцикли, повторно оствари двоцифрен раст (13,2 проценти).
Позитивниот тренд продолжи во сегментот на мопеди, каде што на шест европски пазари се регистрирани 72.076 нови возила, односно 4,7 проценти повеќе од минатата година.
Според податоците од Европската асоцијација за продажба на мотоцикли (ACEM), ваквите резултати го потврдуваат континуираниот раст на интересот за мотоцикли и други возила од L-категорија како практично решение за секојдневна мобилност, но и за слободно време, пренесува Н1.
Фото Економија и бизнис








