Мон Блан, највисокиот врв во Западна Европа во Алпите, во септември 2026 година беше измерен 4.807,47 метри, што е за 1,88 метри повисоко од претходното мерење во 2023 година, објавија денес француските геодетски експерти.
Претседателот на комората на геодетски експерти на Горна Савоја, Жан де Гар, рече дека варијациите во висината на планината првенствено се поврзани со временските услови.
„Врвот е во континуирано движење. Секое поединечно мерење само по себе не е од големо значење во контекст на глобалното затоплување, но служи за обезбедување податоци што ќе бидат анализирани со текот на времето“, рече Жан де Гар за време на прес-конференцијата во Сен Жерве.
Геодетските експерти од Горна Савоја започнаа со мерења во 2001 година, а врвот, кој се наоѓа на француско-италијанската граница, во тоа време беше висок 4.810,40 метри, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








